ЕУ останува на ставот за влез, но и има тежок развој, главна причина- Бугарија. Сакам да се надевам дека ова ќе се промени во следниот период. Бугарија треба да разбере дека во рамките на европското семејство не може да продолжи со негирање, туку со поврзување“, истакна Алексис Ципрас во интервју за ТВ21.
Ципрас смета дека Преспанскиот договор и натаму ќе биде документ кој ќе гарантира просперитет не само за Македонија и Грција, туку за целиот регион. Изразувајќи се сликовито за функционирањето на ЕУ Ципрас вели дека управува голем брод и поради тоа врти споро, лево-десно. Но сепак упати порака дека треба да биде порешителна во одлуките.
ЕУ во надворешната политика треба да биде порешителна. Не треба да си влијателен , да си сила – моќ на светската карта, а да не можеш да си ги решиш проблемите во соседството. Мислам дека не постои друг избор за земјите на Западен Балкан освен да настојуваат и не постои друг избор за ЕУ освен да продолжи со одлуките кои се однесуваат за проширувањето, процес на проширување за земјите од Западен Балкан“, посочи Алексис Ципрас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.