Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, говорејќи на економскиот форум Делфи рече дека Договорот од Преспа е патриотски и корисен за народите во регионот кои треба да живеат во мир и перспектива, јави дописничката на МИА од Атина.

Суштината, според Ципрас, е што е постигнато нешто историско за Балканот, а доколку не бил договорот, според него, Грција ќе имала нестабилни соседи.

„Клучно е, во нашето соседство да имаме сојузник, а не непријател. Со оглед на тоа дека тука е господинот Заев, ќе кажам дека овој договор, ја промени играта на Балканот, ја промени играта во позитивна насока. Без овој договор и без европската перспектива и за Македонија, која се стабилизираше како земја и за Албанија, имам чувство дека ќе имавме многу нестабилни соседи. На нашата северна граница ќе имаше нестабилност како онаа што ја гледаме во Либија, а можеби и трети земји ќе беа активни таму, можеби и Турција ќе играше улога“, истакна Ципрас.

Неговото обраќање во живо го следеше и премиерот Зоран Заев, а двајцата ќе имаат и средба во Атина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.