Во официјалната биографија на актуелниот директор на Државниот завод за статистика Апостол Симовски објавена на официјалниот сајт на Владата, е изоставен делот дека тој бил на раководна позиција во институцијата и за време на наместениот попис од 2002 година, открива „Инфомакс“.
Според информациите на порталот, Симовски бил заменик директор на ДЗС за време на пописот од 2002. Неофицијално, на тој попис директорката била разрешена преку ноќ затоа што одбила да потпише фалсификат резултати.
Порталот потсетува дека Македонија веќе 20 години нема спроведено попис на населението, а последниот го спроведе во екстремно лоши услови, штотуку излезена од војна под големи притисоци од албанскиот, но и меѓународниот фактор. Голем дел од граѓаните податоците од пописот во 2002 ги сметаат за лажирани и наместени со цел да се исполнат одредбите од Рамковниот договор во кој правата на малцинството се врзани директно со процентот од населението.
Во прилог на овие сомнежи оди и споредбата на пописот од 2002 и 1994 година.
Доколку направиме споредба на податоците од 1994 и 2002 година, за осум години населението на Македонија пораснало за околу 92 илјади граѓани од кои околу 67 илјади се етнички Албанци, околу 9 илјади се Македонци, а останатите 16 илјади се припадници на другите етнички заедници.
Ваквите податоци несомнено се проблематични, a со овие бројќи Албанците достигнаа бројка од 25 проценти од населението во Македонија, а Македоните паднаа на бројка од 64 проценти. Во 1994 Македонците беа 66 проценти од населението, а Албанците околу 23 проценти од населението.
Извор: Инфомакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.