Чулев: Зедовме изјава од Дончев, на ред е ОЈО да одлучи како ќе постапува

Македонија 26.06.2020 / 23:56

Во денешното интервју на Канал 5 дадов одговор на прашањата поврзани со денешното повикување во полициска станица на поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев.

На покана на Министерството за внатрешни работи тој денес бил во полициската станица Карпош каде од страна на инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал се извршени разговори. Податоците и информациите кој тој ги изнел за време на разговорот ќе бидат доставени во форма на известување до ОЈО и понатамошното постапување ќе зависи од насоките кои ќе бидат дадени од нивна страна.

Фејсбук статус на техничкиот министер во МВР, Наќа Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.