Mинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев одговарајќи на новинарско прашање појасни дека станува збор за спин во случајот со информациите дека Кирил Тодоровски ќе биде еден од советниците, бидејќи тој нема работен статус ниту во Агенцијата за разузнавање, и не може да го преземе.
Се работи за медиумски спин. Мислам дека самата личност заради тоа ќе си покрене постапка пред надлежните органи. Никогаш не сум имал намера да го преземам Киро Тодоровски во МВР, изјави министерот Чулев.
Тој потврди дека за Синиша Алексовски од Агенцијата за разузнавање бара спогодба за преземање.
За него ниту е поведена кривична постапка, ниту е обвинет во некој случај досега. Сѐ друго се инсинуации во медиумите во однос на неговиот интегритет. Досега нема ниту обвинителен акт, ниту кривична пријава, ниту пак Алексовски е осуден за какво било дело, рече министерот Наќе Чулев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.