Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица, и Одделението за внатрешни работи Валандово и полициското одделение Дојран.
Постапувањето на полициските службеници за време на парламентарните избори и спречување на сите форми на притисок, влијание и поткуп на гласачите беа темите кои беа во фокус на трите одвоени работни средби.
Вчера и денес сум во посета на повеќе полициски одделенија и полициски станици. Главен фокус на овие посети беше ставен на согледување на плановите за организирање фер, мирни и демократски избори кои треба да поминат во мирна атмосфера со оглед на тоа дека се од круцијално значење на нашата земја – нагласи Чулев во својата изјавата.
Од страна на раководствата министерот Чулев беше информирам дека плановите за постапување за време на изборите се веќе изготвени и доставени до главниот оперативен штаб при Министерството за внатрешни работи.
Моето присуство во Струмица, но и во останатите организациски единици е за да им укажам на колегите дека нивна обврска е да ги преземат сите мерки за превенција на изборните регуларности, но и најостро да ги санкционираат граѓаните кои се вклучени во иборни нерегуларности со што ќе го нарушат изборниот процес. Во таа насока дадов задолженија до сите полициските службеници да не подлегнуваат на било какви политички или бизнис влијаниjа со кои ќе го нарушат угледот на Министерството за внатрешни работи – додаде министерот Чулев.
Тој воедно апелираше до граѓаните сите видови на закани, притисоци и уцени да ги пријават до Министерството за внатрешни работи.
Тој потенцираше дека Министерството за внатрешни работи континуирано добива оперативни сознанија за кои полициските службеници ги проверуваат и постапуваат на терен. Министерството за внатрешни работи има зголемено присуство на терен, особено во делот на униформираната полицијата, заклучи Чулев во својата изјава пред медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.