Министерството за внатрешни работи ќе концентрира поголем број полициски сили во регионите или избирачките места кадешто во минатото се забележани поголеми нарушувања на изборниот процес, рече во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Како што кажа тој, МВР врши мапирање на таквите места и за резултатите и препораките ќе ги извести меѓународните фактори и ОДИХР.
На ниво на МВР подготвуваме мапа кадешто би ги зголемиле нашите полициски единици за денот на изборите и претходно, вклучително тука е и ризикот од поткуп на гласачи, од семејно гласање, од притисоци, а и од ангажирање на криминални структури во делот на изборни нерегуларности, рече Чулев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.