Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вечерва ја информираше јавноста дека во близина на спортскиот центар Борис Трајковски се снимало кратко видео по повод Денот на полицијата, а со кое Министерството за внатрешни работи ќе се заблагодари за придонесот на полициските службеници, здравствените работници, припадниците на армијата и сите други во справување со коронавирусот.

 Не станува збор за никаква злоупотреба на полициските сили, туку за еден мал гест со кој ќе се заблагодариме за нивната секојдневна жртва, ќе се валоризира нивната посветеност во заштита на здравјето на граѓаните, a истовремено ќе се подигне нивниот морал. Воедно, потенцирам дека со денешните активности во ниту еден момент не се нарушени тековните активности на Министерството за внатрешни работи.

Доколку, некои од моите колеги во Министерството за внатрешни работи ја спори важната улога на полициските службеници во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните го повикувам јавно да го каже тоа.

За мене тие се хероите, така ќе биде и во иднина и тие ги заслужуваат сите наши пофалби и признанија, вели Чулев.

❗ Ја информирам јавноста дека вечерва во близина на спортскиот центар Борис Трајковски се снимаше кратко видео по повод…

Posted by Наќе Чулев on Monday, May 4, 2020

Да не ги набавеше ВМРО коливе со ова на “К” ќе снимавте спотови.

Posted by Kristian Jandrioski on Monday, May 4, 2020

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.