Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека настанот во Струга е лошо организиран и дека во текот на утрешниот ден ќе се утврдуваат пропустите кои биле направени.
Тој потенцираше дека изминатиот период бил под постојани напади од страна на СДСМ.
Во последниот период има организиран и оркестриран напад од страна на сите ПР структури на СДСМ, против мене и моето фукционирање со цел моја лична и професионална дискредитација, рече министерот Чулев во Алфа телевизија.
Денеска во Струга, среде пандемија на корона, се одржа масовен религиозен собир, традиционална струшка Еордија – литијата со икона на Св. Великомаченик Георгиј Победоносец, збогатена со неговите мошти од неговиот Манастир во Рајчица.
Како што се забележува на фотографиите нема никаква дистанца меѓу насобраните граѓани, ниту се носат заштитни маски (освен неколку исклучоци).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.