Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска оствари работна средба со граѓаните од Шуто Оризари на која ги информираше дека МВР ги презема сите неопходни мерки со цел да спречи активности со кои ќе се врши влијание и поткуп на гласачите.
Тој ги информираше граѓаните, дека во соработка со ДИК и ОБСЕ, министерството за внатрешни работи најригорозно ќе ги санкционира сите оние активности кои што ќе бидат превземени во насока на поткуп на гласачи, на заплашување, на уцени и на било каква манипулација со гласовите на граѓаните на Македонија.
Изминатите денови потпишав меморандум за соработка со кој Министерството за внатрешни работи ќе ја продлабочи и зацврсти соработката со ромските невладини организации и активно ќе работи на решавање на проблемите со кои тие се соочуваат, порача Чулев.
Тој најави дека лично ќе се заложи во следниот период да се зголеми процентот на Ромите во редовите на полицијата, а со тоа рече, ќе се отворат нови можности за вработување на квалитетни и високообразовани припадници на ромската заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.