Денес во име на Министерството за внатрешни работи, министерот Наќе Чулев предаде заштитна опрема за медицинскиот персонал од ЈЗУ 8-ми септември, Институтот за јавно здравје и ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ (Ургентен центар).

Министерот Чулев по настанот објави:

Докторите и медицинскиот персонал го даваат својот максимум и секојдневно го ризикуваат своето здравје за да спасат што е можно повеќе животи. Тие, заедно со полицијата се во првите борбени редови во битката која сите заедно мора да ја добиеме. Затоа ја заслужуваат сета наша почит, но и сета наша помош и поддршка која што можеме да им ја обезбедиме.

Нивното здравје и нивната безбедност се од суштинско значење во моментов. Не смее да дозволиме голораки да се борат со вирусот. Еден заболен доктор значи десетици загрозени пациенти. Менаџирањето на здравствените власти со актуелната ситуација е се потешко.

Во наши раце е најсилното оружје за запирање на ширењето на вирусот, а тоа е одржувањето на социјалната дистанца. Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.