Денес ги посетив општините Брвеница и Тетово, се сретнав и со граѓаните на селото Урвич. Восхитен сум од енергијата која ја имаат овие луѓе и љубовта кон татковината кои тие ја носат во себе.Загрижени се за состојбата во државата. Велат дека читаат во медиумите за големиот број на случаи на кршење на законот и корупција, објави на Фејсбук министерот Наке Чулев.
Се сложивме дека почитта и љубовта кон државата се покажува само со чесен и одговорен однос кон неа. За мене одговорно и домаќинско работење е приоритет и така ќе биде во иднина. Пред нас се многу реформи кои ветува дека ќе ги направам. Реформите пред се значат модерна, современа полиција, почитување на законите и владеење на правото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.