Како МВР дадовме сè од себе за справување со ситуацијата со коронавирусот, вечерва министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во „Само интервју“ на „Канал 5“.

Ние како Министерство навистина дадовме сè од себе. Не велам дека немало грешки, кој работи, тој и греши. Кога се инсистира на избори во ситуација на сериозна закана од Ковид 19, неминовно е ова што се случува сега, вели Чулев.

Откако јас сум поставен за министер за внатрешни работи континуирано сме во борба со криминалот.

Досега се поднесени низа на кривични пријави. Има поднесено кривична пријава против директорот на јавното претпријатие Македонски шуми, за раководителите на подрчните единици на Македонски шуми во Кичево и во Прилеп, за директорот на РЕК Битола и за директорот на Еуро композит. Тоа е нормално постапување, истакна Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.