Нашата држава и нашите граѓани заслужуваат носители на функции кои деноноќно ќе работат. Јас сум убеден во тоа и тоа е мојот принцип на работа, порача вчера министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој вчера посети неколку градови во источниот регион.

Во попладневните часови ги посетив општините Босилово и Василево. Таму граѓаните се вредни и живеат од обработка на земјиштето. Ми беше чест да проговориме за проблемите кои ги мачат, но на теми од мојот домен на работа.

На крајот на денот ја посетив Струмица. Испивме по едно кафе и направивме убав муабет. Струмица е убав и жив град.

Се договоривме дека во следниот период ќе се гледаме често. Функцијата која јас ја извршуваме бара редовна и честа комуникација со граѓаните и така ќе биде во иднина, порача Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.