Во вечерашното отворено студио на 24 телевизија, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека кривичната пријава против градоначалникот Максим Димитриевски е политички конструирана.

Од страна на Комисијата за заразни болести беше доставено известување до директорот на Бирото за јавна безбедност, значи не беше доставено до мене, и истото од Бирото за јавна безбедност беше процесуирано до министерството за внатрешни работи на Куманово. По правило можат да поднесат и до мене но, и до Бирото. Но, овој пат ме скокнаа, бидејќи логично би било да поднесат и до двете. Но, така решил Здравствениот инспекторат. Тоа беше спроведено до ЈО кое што ја прифати пријавата и во текот на денешниот ден беше поднесена кривична пријава до градоначалникот на Куманово за ширење на зараза – изјави Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.