Заклучно до 20 часот на сите 8 сектори за внатрешни работи пријавени се вкупно 151 настан, од кој за 31 настан наводите не се потврдени, а констатирани се 9 прекршоци, 3 за лажно пријавување на настан, 3 за викање и карање на јавно место…Приведени се 8 лица од кои 4 за фотографирање, 3 за сторени прекршоци и едно кај кое било најдено гласачко ливче. Најмногу прекршоци се пријавени на подрачјето на СВР Струмица, вкупно 38 , 31 Скопје и Штип, Битола 23, Куманово 14, Тетово 6 и Велес 5, а најмалку односно 3 во Охрид. Пријавите во најголем дел се за агитирање вкупно 75, 29 за давање поткуп, 5 за нарушување на ЈРМ, 2 за физички напади”, изјави Чулев.

Министерот за внатрешни работи посочи дека генерална констатација негова, како и на неговите колеги во МВР што работеле на изборите, е дека овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера кои се доказ дека граѓаните се совесни, но и МВР функционира според Уставот и законите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.