Во разузнавачко безбедносната заедница од која сум јас дел веќе долго време кружат информации дека дел од раководниот менаџмент на МВР ангажиран во криминалистичката полиција е директно во спрега со криминалните структури, ова денеска  во интервју за „Алфа“ го истакна новиот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Постојат неофицијални информации дека постои тарифа за држење кривични пријави во фиока, за уништување на средствата на кривично дело и за квалификување на потешки кривични дела во полесни кривични дела. Дополнително исто така постојат информации дека дел од тие раководни структури назначени од министерот Оливер Спасовски се директно инволвирани самите во криминални активности на начин што се наоѓаат на платен список на криминалните структури со фиксен  месечен надоместок со цел да издаваат информации за оперативно-технички ПИ мерки кон припадниците на криминалните структури и дополнително да издаваат информации кога министерот за внатрешни работи планира конкретни оперативни активности за нивно апсење, вели Чулев.

Техничкиот министер најавува и дека веднаш ќе побара од Одделението за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР да ги процесуираат сите оние дојави или информации за инволвираност на припадници на МВР во криминални активности и дека тие ќе бидат отстранети од Министерството поради тоа што се недостојни за вршење на полициската служба и нанесуваат огромна штета на честа и угледот на оние припадници кои професионално и чесно ја извршуваат својата работа.

Во однос на претстојните избори, Чулев со порака до криминалните структури кои, вели, се надоврзани на одредени политички елити, да не се дрзнат да извршат нарушување на избирачкиот процес.

Погледнете го целото интервју за „Алфа“:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.