Mинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ,,Телма” ТВ, рече дека земјава има најмал процент на заразени припадници на полицијата во регионот.
На повеќе од 12 000 вработени и толку сериозни ангажмани, рече министерот, имаме само 18 припадници на МВР кои се позитивни.
Во сите случаи, според епидемиолошката анкета која се прави и која ја утврдува поврзаноста, е утврдено дека заразувањето е надвор од работното место. На пример, имаме припадник на специјална единица кој се заразил додека волонтирал во Црвен крст – рече Чулев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.