Техничкиот министер за Внатрешни Работи Наќе Чулев вечерва во емисијата Клик Плус на ТВ21, потенцираше дека МВР во овој период има голем број на обврски.
-Министерството за Внатрешни работи во овој период има голем број на обврски кои што произлегуваат од мерките на владата, тоа се контрола на изолација и само изолација, понатаму контрола на ограничувањето на движењето, спровод на лица од хуманитарните комвои, исто така заштита и контрола на објектите кои што се користат како државни карантини, рече техничкиот министер за Внатрешни Работи.
Тој меѓудругото истакна дека не смее да се занемари и основната улога на МВР а тоа е одржувањето на јавниот ред и мир и борбата шротив криминалот.
-Да не ја заборавиме основната улога на полицијата, а тоа е одржувањето на јавниот ред и мир, борбата со сите облици на криминал, борбата против илегалната имиграција и така натаму, истакна Чулев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.