Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук најави дека МВР ќе продолжи со обезбедување на докази и за останатите лица кои беа инволвирани во случувањата во Сингелиќ.

По завршување на постапката за сите лица кои постапиле во спротивност со законот ќе бидат поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство.
Неселективното пристапување е клучно за соодветно спроведување на законот од страна на полициските службеници. И во таа насока уште еднаш потенцирам, граѓаните треба да бидат уверени дека секој кој што постапува во спротивно со законот ќе биде соодветно санкциониран-објасни министерот.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.