Во рамки на денешната посета на СВР Струмица го посетив маалото каде што живеат етнички Tурци. Ги поздравив со зборовите Iyi Gunler. Hepsine cok selamlar diyorum. Cok memnum ki sizinle beraber burdayim.
🤝 Ми беше чест да го посетам овој дел од градот, но и од таму испратив порака дека граѓаните не треба да подлегнуваат на било какви притисоци и ги охрабрив да излезат да гласаат, а со тоа да ја обезбедат својата иднина.
🗣️ Упатив порака до сите граѓани кои ќе бидат предмет на поткуп, закани и уцени истите да ги пријават во Министерството за внатрешни работи, казните за кривичните дела поврзани со изборите се ригорозни и се движат од шест месеци до 10 години.
✅ Важно е граѓаните да знаат дека Министерството за внатрешни работи со зголемен број на полициски припадници ќе ги покрива критичните региони и со тоа ќе обезбедиме фер, мирни и демократски избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.