Добредојде за Министерот за надворешни работи на Унгарија, порача македонскиот министер за внатрешни работи, кој беше дел од делегацијата што го пречека Петер Сијарто и унгарската помош.
Состојбата поврзана со пандемијата од Covid19 бара сплотеност, поддршка и разменување на искуства со нашите пријатели од целиот свет. Со цел операционализација на оваа помош, но и разменување на ставовите и гледиштата поврзани со соодветна превенција денес му посакав добредојде на Минстерот за надворешни работи на Унгарија, Н.Е. Петер Сијарто, порача министерот Чулев.
Најави дека во текот на денот ќе остварат и билатерална средба во Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.