Министерот за внатрешни работи Наке Чулев при денешната посета на СВР Тетово соопшти дека во случај да се појави на нов бран на мигранти на јужната граница, Македонија истата ќе ја затвори.

Македонија е во постојана комуникација со ФРОНТЕКС и со нашите партнери од ЕУ. Македонија дефинитивно ќе ја затвори границата. Ние имаме капацитети во однос на претходната мигрантска криза и сега сме многу подобро подготвени, а имаме и партнерски полицајци во заеднички патроли на јужната граница каде во моментов имаме 131 полицаец од 8 држави. Имаме и материјално-технички средства и ќе дадеме максимум за да ја затвориме нашата граница и да спречиме евентуален нов мигрантски бран кон територијата на нашата држава а со тоа и кон ЕУ. На јужната граница во моментов состојбата е стабилна и без посебни нарушувања. Ние внимателно ја следиме состојбата на турско-грчката граница и за таа цел Управувачкиот комитет донесе одлука да се зголеми бројот на полициските сили на јужната граница а истовремено е зголемен и бројот на армиските сили, изјави министерот Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.