Наќе Чулев, новоизбраниот министер за внатрешни работи во техничката Влада најави дека ќе изврши увид во состојбите во Министерството.

Ќе извршиме увид во состојбите во Министерството и ќе ја информираме јавноста доколку имало издадено незаконски решенија за вработување, изјави министерот Чулев.

Според Чулев, приоритет во наредниот период ќе биде организирање мирни, фер и демократски избори.

За таа цел ќе бидат презмени широк спектар активности за превенирање евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително, со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен перод, во соработка со меѓународни и други државни институции, ќе бидат преземени активности за стабилизација на државата, заштита на уставниот поредок и безбедноста на граѓаните, потенцира Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.