Секојдневно сите ние сведоци сме на заканите, уцените, притисоците, реваншизмот и политичката дискриминација од оваа ненародна и мафијашка власт. Илјадници случаи на политички мотивирани брутални деградирања на чесни и докажани прифесионалци, дисциплински постапки, мобинг, притисоци, местенки и откази, стои во Фејсбук статусот екс министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Доста е! Ги повикувам моите колеги од Министерството за внатрешни работи и другите безбедносни институции, сите вработени во државната администрација, но и сите граѓани да се сплотиме и спротивставиме на грубото кршење на законите и дрското газење на грбот на чесните и одговорни луѓе – напиша Чулев.

Тој ги повикува граѓаните да се придружат на граѓанскиот протест во 18:30 часот пред Министерството за правда, кој ќе се одржи против  неправди, политичка дискриминација, реваншизам и насилство на хибридниот режим.

❗️Секојдневно сите ние сведоци сме на заканите, уцените, притисоците, реваншизмот и политичката дискриминација од оваа…

Gepostet von Наќе Чулев am Dienstag, 22. September 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.