Владата на денешната седница го поништи решението кое го министерот за вратрешни работи Наќе Чулев го потпишал за назначување на началник на СВР Тетово, едно од 15-те места кои му следуваат согласно Законот за влада, како министер во техничката влада.

Чулев потсети дека истата ваква одлука со која владата првично го поништи ваквото решение, претходно од негова страна беше обжалена до Државната комисија за спречување на корупција, која констатираше дека Владата направила пропуст при поништувањето на решението и првичната одлука на Владата ја поништи. Додава дека и покрај ваквиот заклучок од ДКСК, Владата денес повторно носи иста одлука.

Со денешното силеџиско постапување повторно е прекршен Законот за влада, а дополнително денешната одлука предложена од страна на ДУИ, а аминувана од страна на СДСМ е уште еден доказ дека нивната коалиција блеска во полн сјај. ДУИ и СДСМ имаат спротивставени мислења само во јавноста и тоа е само еден блеф. Нивниот меѓусебен однос на владините седници фукционира идеално и без никаква пречка.

Во оваа прилика ја информирам јавноста дека во однос на денешното постапување на Владата, во текот на утрешниот ден ќе поднесам кривична пријава, но и за ваквиот упад и мешање во работата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат запознати и претставниците на меѓународната заедница, соопшти министерот Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.