Намалување на бројот на заразени од ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, носат заштитна опрема и се придржуваат кон пропишаната дистанца, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил и најави дека МВР ги презема сите неопходни мерки.

Сакам да напоменам дека во конкретниот случај со „орото“ во Чаир, доколку се утврди дека видеото е направено во период кога се на сила одлуките на Владата, односно доколку се потврди неговата автентичност, полициските службеници ќе ги преземат сите мерки со цел соодветно санкционирање на учесниците во истото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.