Одредување на датум мора да биде во директна поврзаност со здравјето, и уште еден важен момент, да има адекватен меѓународен и внатрешен мониторинг, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на ТВ21. Тој откри и еден проблем кој би можел да настане при оддржувањето на процесот.
За да има меѓународен мониторинг мора прво да се отворат границите. Исто, мора да се отстранат сите пречки во идентификација на граѓаните при гласањето. Најголем проблем ќе биде идентификација на граѓаните со заштитната опрема и при гласањето, и потоа при утврдување на евентуални изборни нерегуларности. Покривањето на лицето ќе ни биде голем проблем и сериозна пречка, вели Чулев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.