Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев оствари работна средба со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, при што истат беше запознаена за приоритетите за кои што тој се залага како прв човек на МВР.
Денеска остварив работна средба со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз. На средбата ја запознав амбасадорката Брнз со моите приоритети како министер во техничката влада, односно борбата против тероризмот, организираниот криминал и корупцијата, а како еден од главните приоритети го истакнав секако придонесот во организирањето фер, демократски и регуларни избори, но и одржувањето на безбедноста и стабилноста на државата, напиша Чулев на Фејсбук.
За време на средбата, заеднички го потврдивме стратешкото партнерство меѓу двете земји, заклучува Чулев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.