Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оценува дека безбедносниот ризик од мигрантите постои и апелира до државите кои имаат свои припадници на нашата јужна граница да не ги повлекуваат.
Безбедносниот ризик од мигрнтите стои и понатаму. На јужната граница имаме 130 припадници на други држави, од кои 10 повлече Србија и сега остануваат 120. Апелирам до сите држави да не ги повлекуваат полицајците кои патролираат на јужната граница, изјави Чулев одговорајќи на новинарско прашање.
Тој соопшти дека Србија ги повлекла полицајците и од пунктовите каде имаме заедничка контрола на границата.
Во одговор на новинарско прашање во врска со враќање на лицата од крузер, а кое е организирано преку Србија, рече дека станува збор за седум лица од кои едно лице е задржано во Белград, а од шесте лица двајца се албански државјани и се упатени кон Албанија, а четворица наши државјани и се задржани на Инфективната клиника.
Апелираше до нашите граѓани во странство воопшто да не се обидуваат да доаѓаат во земјава бидејќи, како што рече, може да бидат заглавени на граничните премини и да придонесат за ширење на заразата.
Апелирам да останат таму каде што се, рече Чулев.
Информираше дека во периодот од 16 март во 12 часот до денеска во државата се влезени 2.019 лице, а излегле 11.331 лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.