На денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев рече дека можно е во наредниот период Владата да заземе став за луѓето коишто живеат во колективни станбени објекти и имаат миленици, на одредено растојание од објектите да можат да излегуваат со нивните миленичиња со цел извршување на нужните потреби.
Во изминативе денови граѓаните реагираа на мерките за ограничувањето на движењето и бараат да им биде дозволено да можат да ги прошетаат милениците и по 21 часот, односно по 16 часот за време на викендите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.