Досега до МВР нема пријава дека е следено и прислушкувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Доколку дојде, ние согласно оперативните процедури ќе постапиме и ќе го информираме Јавното обвинителство, рече техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во одговор на новинарско прашање по изјавата на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски дека тој е следен и прислушкуван.

На дополнително прашање дали има сознанија или не, Чулев потенцира дека тој нема сознанија, нема добиено пријава за прислушкување или следење на политички претставници.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и потпретседателот Николовски во неколку наврати објавија дека опозицијата веќе подолго време е следена и прислушкувана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.