Пред две недели Кастриот Реџепи беше подготвен за нова влада во која ќе нема место за ДУИ. Потпретседателот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи на Фејсбук објави дека Движењето Беса е подготвено за нова Влада без ДУИ.

-После првиот круг:

Потпретседателот на АА рече ние ќе ги поддржиме кандидатите на Беса, но тие треба да ни направат атер, да побараат поддршка.

Портпаролот на Алтернатива рече ние не го поддржуваме кандидатот на Беса во Тетово.

Генералниот секретар на Беса и АА пиеја кафе и ручаа

Претседателот на ДПА рече дека Теута се чуди зошто се против неа во Тетово, иако таа не заслужува ниту еден глас и дека ДПА е секогаш во опоненција со ДУИ.
Вчера:

Претседателот на ДПА рече дека постои договор за поддршка на ДУИ.

Денес:

Генералниот секретар на Движењето Беса ги покани членовите да ги поддржат кандидатите на АА и апелираше и тие да го сторат истото и да ги поддржат кандидатите на Беса.

Генералниот секретар на АА ја поздрави поддршката од Беса и ги повика поддржувачите на АА да ги поддржат кандидатите на Беса во Тетово и Желино.

Сега останува само Алтернатива да се изјасни за поддршка на кандидатите на Беса и Беса да ги поддржи нив.

На овој начин ќе се докаже дека сакаме да ја направиме промената во албанскиот блок почнувајќи од локалната власт.

Што се однесува до новото парламентарно мнозинство без ДУИ што го спомена Арбен Таравари, тоа треба да биде ден поскоро, напиша во својот пост Кастриот Реџепи.

Денеска ниту лидерот на Беса, Бииљал Касами, не верува во објавата на Реџепи дека е напишана без присила и дека Реџепи навистина се премислил и покрај потписот на иницијативата за гласање недоверба на владата на СДСМ и ДУИ решил да не се појави во Собрането и да не гласа.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски за исчезнувањето на Реџепи вели дека според Фејсбук, тој се наоѓа во Бугарија, каде што капитал има лидерот на СДСМ, Зоран Заев. И Милошоски се сомнева дека Реџепи присилно го нема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.