Она што можеме да го видиме денес во судството е дека СДСМ има воспоставено целосно контрола врз судството и обвинителството, смета поторетседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој синоќа гостуваше во „360 степени“. Зборувајќи за причините за недобивање датум, Николоски како неминовни ги нагласи реформите во судството, па во тој контекст рече дека постојат два топа случаи на СЈО – едно кои течат многу брзо, како ТНТ; на пример и други, во кои е инволвиран премиерот кои не се закажуваат и почнуваат одново.
Тој не се согласува со тезата дека таму каде што се уште има влијание на структури кои се уште се под влијание на ВМРО-ДПМНЕ и особено на ДУИ, можат да сметаат на одолговкелување на процесите, а другите не, токму затоа што делови од СДСМ имаат воспостаавено целосно контрола врз праводуството. Иако не помина предлогот на СДСМ за член на Судскиот совет, а помина предлогот на ДУИ, Николоски е убеден во својата теза.
Во другиот избор кој одеше паралелно победи другарка на Заев, па добро прашање е како другарките се таму најспособни за да ги изгласаат судиите. Заев има целосна контрола врз судството и обвинителството и предметите одат нему како што му одговара. Рекет да не излезеше во јавноста, никогаш немаше да се процесуира, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.