Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Мајкл Р. Помпео денеска пристигна во еднодневна официјална посета на Македонија.

На аеродромот во Охрид државниот секретар Помпео, со високи државни почести, беше пречекан од министерот за надворешни работи во Владата на Македонија, Никола Димитров, и потоа, заедно со неговата придружба се упати кон Охрид на средби со дел од државниот врв.

Државниот секретар Помпео, во вилата „Билјана“, денеска ќе оствари средба со Претседателот Стево Пендаровски, по што следуваше и со премиерот Заев.

На средбите со државниот врв ќе се разговара за соработката меѓу двете земји, за напредокот на Република Македонија во процесот за членство во ЕУ и НАТО, како и за прашањата кои се однесуваат на стабилизација и просперитет на регионот.

Во попладневните часови државниот секретар Мајкл Помпео и неговата придружба во која се помошникот државен секретар Филип Рикер и амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз, ќе ја посетат црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид, која што беше реновирана и заштитена со средства обезбедени преку програмите на УСАИД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.