Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување на телевизија Алфа изјави дека се радува на секој напредок на Република Македонија и потенцираше, дека тоа што Зоран Заев го направи е навистина недостоинствено и тоа не може да не остави длабока трага кај граѓаните на Република Македонија, особено кај оние кои ја препознаа намерата на овој политичар со сомнително минато во политиката.
Практично тој тргуваше и со правото и со правдината, тргуваше и со сето она што генерации претходно и претходно го создавале. Ова претставува крај на еден процес што требаше да заврши можеби пред десет години бидејќи сите технички критериуми за Македонија да биде дел од Алијансата и тогаш беа исполнети рече Мицкоски, но подвлече дека никому дотогаш не му паднало на памет да недостоинствен начин, да потпише ваков срамен договор.
Ова е крај на еден процес во кој Македонија влегува понижена, што е срамно, рече Мицкоски.
Но ете се роди и таков човек кој е подготвен за сопствената политичка кариера, за сопствениот бенефит, дали економски или бенефитот на сопственото семејство, да прифати се практично па дури играјќи си со судбината на илјадници и илјадници Македонци, кои во минатото со свој живот ја платиле цената, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на Алфа.
На крајот, тој додаде дека сепак Македонија е дел од НАТО, што е у спех, но ќе остане да се памети дека Заев за спас на кариерата го потпиша штетниот договор со Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.