Државната изборна комисија на дешената седница едногласно донесе одлука за сто проценти да бидат зголемени надоместоците на членовите на избирачките одбори, за 20 проценти на членовите на општинските изборни комисии, а здравствените работници што учествуваа во процесот да добијат по 6.000 денари.
Предложивме нашиот Правилник којшто го донесовме уште во февруари да го измениме заради новонастанатата ситуација со крактите рокови со коишто се соочивме со неколкукратното одложување на предвремените парламентарни избори, но и ковид-ситуацијата која што сериозно можеше да влијае врз здравјето пред се на гласачите, а со оглед дека станува збор за членови на изборни органи коишто учествуваа во спроведување на изборите, нагласи членот на ДИК, Елизабета Постоловска.
Таа рече дека едногласно се согласиле надоместокот на членовите на избирачките одбори да биде зголемен за сто проценти со оглед на тоа дека тие биле најдиреткно изложени на контакт со гласачите и биле изложени на најголем ризик за нивното здравје.
Исто така го зголемивме надоместокот за 20 проценти на членовите општинските изборни комисии заради организација и успешно спроведување. Ќе ги спомнам и здравствените работници, оние што не се откажаа да бидат членови во посебните избирачки одбори, коишто беа свесни за нивната општествена и хумана одговорност, па според тоа успешно го спроведоа гласањето на лицата во изолација и ковид болни, па поради тоа во нашиот правилник предвидовме нивниот надомест да биде ист за сите 6.000 денари, односно во висина на најголемиот надомест којшто ќе го земе претседател на изборен орган, нагласи Постоловска.
Таа истакна дека сумите не се награда за сработеното, тука се реален надомест за секој учесник во изборниот процес во рамки на неговите обврски и надлежности, што ги сработил усепешно и професионално согласно тешките здравствени аспекти.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски посочи дека сумите што се определени не отстапуваат од буџетскиот лимит, со оглед на тоа што се заштедени средства од предвидените за гласањето на дијаспората, како и за јавни набавки.
Тој уште еднаш нагласи дека техничкиот проблем што настана ноќта кога се објавуваа изборните резултати во никој случаи не влијаел на изборните резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.