Тензии меѓу новинарите и лица учесници во изборен поткуп во Кочани. Екипата на Инфомакс објави дека била вербално нападната во ромското маало каде што се обидуваа да снимаат партиски штаб кој бил отворен за време на изборниот молк и каде, како што изјавил и еден од лицата кој бил присутен таму, се правеле списоци.

Новинарите биле вербално нападнати, по што им бил блокиран патот со автомобил и не им дозволувале да заминат. Новинарите, заедно со лидер на политичка партија од опозицијата, како и пратеник од истата партија заминале во полициска станица да го пријават настанот. Од страна на полициските службеници, во исто време со пријавителите, биле повикани и лицата затекнати во партискиот штаб кои веднаш се појавиле пред полициската станица и продолжиле со заканите.

Објавено е и видео од настанот, кое поради изборниот молк нема да го објавиме. Истото можете да го видите на фејсбук профилот на Инфомакс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.