За огромен политички притисок сведочат младите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.

Како што сведочат за ,,Лидер” утринава биле приведени и однесени во полициската станица во Ново Лисиче, најголем дел од членовите на раководството на УМС Аеродром. Во моментов чекаат во полициската станица за да бидат повикани на распит а не им кажуваат за што ќе биде распитот.

Помеѓу лицата кои се наоѓаат во полициската станица во Ново Лисиче е и советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, и организационен секретар на партијата Петар Миоски. Во полициката станица е и претседателот на УМС Аеродром, Стефан Синадиновски.

Во станицата се и членовите на Извршниот Комимтет на УМС Аеродром и потпретседателите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.