Членови на Државната изборна комисија денеска ќе се сретнат со претседателот Стево Пендаровски за да разговараат за можните рокови на изборите, дознава Алсат-М.

Средбата доаѓа еден ден откако водачите на политичките партии ги повикаа релевантните институции: Комисијата за заразни болести, ДИК и ОБСЕ / ОДИХР, да утврдат кога земјата ќе може да излезе на гласање и дали има услови процесот да се следи.

Комисијата за инфективни болести мора да изготви протокол со кој ќе се предвидат заштитни мерки за време на гласањето.

ДИК треба да дефинира колку време е потребно да се организираат избори и ОБСЕ / ОДИХР треба да проценат дали се подготвени да го следат изборниот процес со свои набљудувачи, како што правеа во претходните изборни процеси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.