Oна што сите го знаеја конечно доби и потврда. СДСМ има целосна контрола врз социјалните мрежи.
Нивен член, Митко Караиванов од Општинската оганизација во Босилово кој е и член на Централниот одбор на СДСМ призна дека имаат „сектор“ кој ги следи реакции на корисниците на социјалните мрежи и преку партиските ботови се обидува да ги задуши сите негативни реакции на граѓаните на активностите на власта.
Митко Караиванов од ОО Босилово објаснува за жесток притисок за да го угушат штрајкот на родителите во образование#оставканаЗаев#реформивоСДСМ pic.twitter.com/OOjPWL7Zxy
— Реформи во СДСМ (@reformivosdsm) May 27, 2021
„Имаме сектор кој ги следи нивните коментари, ги следат и нашите коментари нон-стоп, на социјалните мрежи и аплициравме и на културен начин објаснуваме. Еве последниот пат, последната случка ни беше за новиот пакет на образование којшто го предлага министерката. Тука се соочивме со, како да ви кажам, се соочивме со проблем кој требаше… и го задушивме штрајкот што го организираа“, вели Караинванов.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.