Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови чувал еден од примероците на Охридскиот рамковен договор, каков што не поседува ниту една политичка партија, претседателот на државата или пак Државниот архив на Република Македонија, изјави денеска првиот вицепремиер Артан Груби, при доставување на овој документ во Државниот архив.
Големата свест на Илир Љума од Тетово, член на ПДП кој се грижел цели 20 години за да го чува овој документ во својата куќа, имајќи ја предвид негрижата на сите институции и политички партии, кои го немаа архивирано овој документ. Станува збор за лице кој бил асистент во потпишувањето на Охридскиот договор и потоа го земал од канцелариите на најстарата политичка партија на Албанците во државата и во домашни услови води грижа на архивски начин за овој документ. Нашите истражувања не доведоа до оваа откритие и господинот Лума пред две недели го достави овој документ во мојот кабинет – истакна Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.