Гледам дека веќе три дена наместо да се истражува Вице и раководството на РЕК Битола, кое што се обидело да направи рекет од 250 илјади евра, се гонат оние кои што, условно кажано, го информирале ВМРО-ДПМНЕ за овој криминал. Па видовме како маскирани полициски службеници и специјалци влегуваат во домовите на неколку инспектори кои се занимаваат со откривање на криминал и вршат претреси во присуство на нивните сопруги и деца што е недозволиво и потсетува на едни тоталитарни времиња.
Ова на денешната прес-конференција во Охрид го посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, пред да открие дека нивните информации во врска со аферата во РЕК Битола ги добиле од СДСМ.
Да им помогнам на СДСМ да престанат со овој начин на дејствување и наместо да ги гонат оние кои што наводно ги дале информациите треба да ги гонат тие што довеле да има ваков рекет од 250.000 евра, а не вака срамно да се однесуваат и да гонат луѓе, а ќе им помогнам ан начин што еве ексклузивно ќе кажам денес тука од Охрид дека информациите до ВМРО ДПМНЕ не стигнаа до вработени во Министерството за внатрешни работи ниту од инспектори кои гонат организиран криминал и корупција туку стигнаа од еден високо позициониран член на највисокото раководство на СДСМ кој што заради законот за заштита на укажувачи односно свиркачи не можам да го споменам со име и презиме, но повторувам информациите за криминалот во РЕК Битола и за рекетот во РЕК Битола стигнаа од високо позициониран член на најтесното раководство на СДСМ, откри ексклузивно во Охрид Николоски.
Николоски додаде и дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ поседува бројна документација за други афери и скандали од коруптивен карактер, кои што, како што кажа, ќе ги изнесат во јавноста во следниот период и кои што исто така се добиени од високо позиционирани лица во самиот врв на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.