На денешното рочиште во случајот ТНТ судијата Огнен Ставрев страна се обиде да заземе страна со тоа што среде расправијата помеѓу обвинтелот Рустеми и адвокатот Даути започна да чита соопштение од Јавното обвинителство. Тој читајќи го сооштението потенцираше дека Јавното обвинителство не влијаело на судот во случајот ТНТ и оти претседателот на Советот е единствено надлежен да прифати или одбие доказ.

Читајќи го соопштението се доби впечаток дека тоа е испратено директно до судот. Адвокатот Наков го праша кој стои во потписот на дописот. На тоа Ставрев одговори дека писмото го има на интернет страната на ЈО и оти нема потпис и оти не е адресирано до него.

Познавачите на спорот коментираат дека ова е директен притисок од страна на ЈО до судот за забрзување на постапката и за носење што поскора пресуда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.