Вчера се одржаа првите внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ. Членството на СДСМ го даде својот глас, по што за старо нов претседател е избран Зоран Заев. Но, како поминаа изборите? На социјалните мрежи низа коментари и реакции затоа што на овие избори членството немаше можност да бира, туку да заокружи „ЗА“ или „ПРОТИВ“ кандидатот Зоран Заев.

Политичкиот аналитичар и член на СДСМ Владо Чингоски за NEWS 1 пренесува својот личен став за внатрепартсиките избори кои поминаа.

Од мој аспект е позитивно што членството може да си го избира претседателот на избори, а не како досега преку посредство на делегати на конгрес. Секогаш сум бил следбеник на непосредни избори и ова го подржувам како чекор напред. Но, фактот дека има само еден кандидат кажува нешто сосема друго. Дали можеше или дали им се даде шанса да некој друг биде втор, трет или четврти кандидат или конкурент во оваа изборна трка за претседател на СДСМ? Не дека немаше заинтересирани, сигурно дека имаше, можеби не од Охрид, ама од Скопје луѓе функционери во СДСМ кои имаат искуство и кои сега се настрана, сигуно беа заинтересирани за претседателското место во СДСМ, но тоа ќе беше трка од 100 метра, каде тој ќе тргнуваше од стартот, а претседателот Заев ќе тргнуваше од 90 метра, а трката ќе беше од 100 метра, вели Чингоски.

Тој додава дека на СДСМ му требеше операција непосредни избори, но и евидентирање на членството, за точно да се знае колку членови има, по што ќе се знае што понатака во внатрепартиското работење.

Е сега, колку е излезноста и дали само 800 беа против, дали само 200 и нешто беа неважечки, дали тие околу 60 000 се реални, тоа никогаш неможеме да го утврдиме. Но, ако излезноста беше под овој процент тогаш ќе беше неуспех, вели Чингоски.

Тој додава дека и лично се реевидентирал и гласал вчера. А на прашањето дали е задоволен од политиките на СДСМ вели:

Дали сум задоволен од политиките кои ги води, дали гласав „ЗА“ или „ПРОТИВ“? За едно лице кога ќе гласаш, не знам дали вреди кога заокружуваш лево или десно, но како и да е поминаа првите избори во СДСМ, категоричен е Чингоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.