СДСМ треба да одговори на прашањето чие е возилото бентли со струмички регистерски ознаки кое што го следи лидерот на опозицијата? Кој го управува и кој издал наредба за да се следи и снима лидерот на опозицијата? Која е целта на следењето и кој ја финансира оваа незаконска операција? – запрашаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека како што наближува денот на гласање се поочигледен е стравот и паниката на Зоран Заев од неизбежниот изборен пораз.

Затоа Заев и СДСМ се одлучуваат на вакви очајнички чекори. Инаку претседателот Мицкоски беше во еднодневна куса посета на главниот aвстриски град Виена, а самиот престој е од приватен карактер, поточно со оглед на тоа што Мицкоски воедно е и професор на високонаучна установа, причината за престојот е за научни цели – реагираат од опозиционата партија.

Тие додаваат дека Христијан Мицкоски патувал со неговиот приватен автомобил, а низ Република Унгарија поминувал исклучиво како транзитна дестинација.

-Вистината е дека во близината на Будимпешта (околу 40км после Будимпешта на враќање кон Скопје) неговото возило извесен период е следено од луксузно патничко возило од марката „бентли“ со струмички регистарски таблици, управувано од роднина на премиерот Зоран Заев. Веруваме дека тоа е и изворот на тенденциозноста на ваквите дезинформации кои се појавија во одредени медиуми, што само ја потврдува безидејноста на власта, обидите за дефокусирање од вистинските теми и нервозата присутна поради слабата поддршка од граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ оак прашуваат дали Мицкоски се сретнал со поранешниот партиски лидер Никола Груевски.

„Доколку се вратил Мицкоски од “транзитното” патување преку Будимпешта треба да одговори дали се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец и бегалец од правдата Никола Груевски? Дали непосредно пред почетокот на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска? Доби ли Мицкоски нови насоки од Груевски за деструктивно делување“, прашуваат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.