На денешната седница на Судскиот совет во конкуренција на 31 кандидати за 2 судиски места за судии на Управниот суд избрани се поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски и Елеонора Ајро, сопруга на специјалниот обвинител Артан Ајро, кој го застапува предметот „Таргет – Тврдина“.
За Чичаковски беше кажано дека покрај богатата биографија што ја имал, пресудно за да го дадат гласот некои членови на Советот за него, било што во жестоките партиски расправии во ДИК, успеал никогаш да не заземе страна.
Елеонора Ајро, пак, само што дипломираше на Академијата. При последното рангирање на оценките таа немала доволно бодови за судија во Кривичниот или во Граѓанскиот суд и поради тоа ја ставиле на листата да биде обвинител.
Член на Судскиот совет рече дека немало кој да ѝ ги надува оценките, како на други за да го оствари нејзиниот сон да биде судијка. Таа е првата судијка избрана во Управниот суд од Академијата, иако денешниот избор е по стариот закон, бидејќи по новите закони, сега и за во овој суд кандидатите ќе мора да доаѓаат од Академијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.