Во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Од таму уште соопштија дека во Институт за јавно здравје се регистрирани 48 оздравени пациенти, а како последица од Ковид-19 починале четири лица, двајца од Скопје (71г и 77г) и двајца од Куманово (43г и 66г).
Од новите случаи на позитивни на коронавирус 7 се во Скопје, 3 во Куманово, 8 во Прилеп, 2 во Тетово-2 во Струга, во Гостивар 11, во Гевгелија 2, во Кочани 2, и по еден во Кратово и Свети Николе. Додека од оздравените пациенти најголемит број се во Штип – 46, потоа во Скопје и Гостивар со по 6 оздравени пациенти, следи Кичево со 4, Тетово со 3, Виница 2, и по еден оздравен пациент во Струга, Битола, Гевгелија, Кочани и Пробиштип.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14 330, бројката на оздравени пациенти е 11 062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 5901, активни 854
- Куманово 1471, активни 378
- Дебар 252, активни 84
- Штип 1134, активни 148
- Прилеп 463, активни 115
- Тетово 1210, активни 163
- Струга 562, активни 60
- Велес 270, активни 31
- Битола 203, активни 39
- Охрид 337, активни 34
- Кавадарци 182, активни 80
- Гостивар 789, активни 237
- Гевгелија 51, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
- Струмица 65, активни 21
- Крива Паланка 46, активни 17
- Радовиш 42, активни 6
- Крушево 16, активни 0
- Кочани 145, активни 29
- Пробиштип 80, активни 14
- Демир Хисар 60, активни 16
- Македонски Брод 71, активни 18
- Пехчево 18, активни 12
- Берово 57, активни 48
- Валандово 9, активни 2
- Виница 70, активни 36
- Делчево 59, активни 50 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 19, активни 4
- Свети Николе 288, активни 64
- Кичево 269, активни 66
- Ресен 146, активни 0
- Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 817 теста се преку: ИЈЗ- 196, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-148, Биотек-178, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –92, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-0, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 108
- Гази Баба – 102
- Аеродром – 107
- Карпош – 88
- Центар – 81
- Кисела Вода – 100
- Ѓорче Петров – 55
- Бутел – 66
- Шуто Оризари – 32
- Студеничани – 25
- Сарај – 25
- Арачиново – 15
- Илинден – 14
- Сопиште – 6
- Чучер Сандево – 4
- Петровец – 10
- Зелениково – 3
- Странец – 9
- Нераспределен – 1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.