Владата на денешната седница донела одлука за воведување кризна состојба во дел од државата, односно во општините Дебар и Центар Жупа откако во Дебар се потврдени уште четири нови случаи на заразени од коронавирус.
Тој информираше дека засега заразените пациенти се стабилни, освен првата пациентка од Дебар, патничката која пристигна со својот сопуг. Таа има влошена здравствена состојба и е практично на граница да биде вклучена на апарати за механичка вентилација.
Специјалистите се надеваат дека ќе го преброди овој период со дополнителна терапија, но спремни се доколку има дополнително влошување да ја вклучат на апарати, рече министерот Филипче.
Денеска дошле материјали за тестирање од Центарот за јавно здравје во Дебар од уште десет лица и од нив четворица се покажале позитивни на коронавирусот. Тие ќе се префрлат на Инфективната клиника во Скопје.
На скопскиот аеродром кај еден патник од Германија, македонски државјанин, регистрирана е повисока температура.
Тој и патниците кои седеле до и околу него се изолирани. Од сите земени се примероци и се чекаат резултатите“, рече Филипче.
Филипче најави санкции за оние што не ги почитуваат мерките и препораките, вклучувајќи и за сега веќе бившата директорка на Кожната клиника и за компанијата што го организирала симпозиумот ако се потврди дека знаеле за случајот.
Мерките се многу сериозни. Колку треба толку ќе повторуваме дека мора да се почитуваат. Ова е врвен приоритет, здравјето е врвен приоритет”, изјави Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.