Во Кавадарци во последните 24 часа се регистрирани четири нови случаи на корона вирус, информира Ристе Јовановски, специјалист и епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Станува збор за три лица од машки и едно од женски пол. Заболените се на возраст од 14, 19, 46 и 53 години.

Три од лицата се заразиле од претходно позитивен член во семејството. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.

Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.